canon logo

Updated on 1:17 PM / 24-Oct-2024

 

Уживајте во големи заштеди и поголема безгрижност со промоцијата на 3-годишна гаранција на Canon

кога ќе набавите од одредени печатачи на Canon помеѓу 01.01.2024 до 31.12.2024.

photo

Одредби и услови на 3 годишната промотивна
гаранција

 

Промоција и Промотор

  1. Промоторот е Canon CEE GmbH, регистриран на Oberlaaer Strasse 233, 1100 Виена, (понатаму овде именуван како „Canon”).
  2. За селектирани производи од Canon („Промотивни производи”) наведени подолу, оваа 3 годишна гаранција („Промотивна гаранција”) е продолжение на постоечката гаранција:

Продолжение = Продолжение на веќе постоечката применлива комерцијална гаранција на Canon која ја прави таквата гаранција во траење од 3 години.

За серијата PIXMA G, ова е едногодишно продолжување на важечката комерцијална гаранција од две години на Canon или гаранција за 30.000 страници, кое и да е прво.

  1. Освен како што е експлицитно изменето овде (со продолжување), постојната Комерцијална гаранција на Canon применлива за вашиот производ, ќе се применува на гаранциските услуги предвидени со оваа Промотивна гаранција. Во случај на каков било конфликт помеѓу одредбите на услугите кои се нудат под оваа Промотивна гаранција и тие на Комерцијалната гаранција на Canon, одредбите на оваа промотивна гаранција ќе преовладуваат.

Промотивен период

  1. Промотивните производи мора да бидат набавени на промотивната територија (дефинирана подолу) помеѓу 1 јануари 2024 и 31 Декември 2024. Датата на набавка на производот мора да биде потврден со валиден доказ за набавката.

За регистрирање на вашиот производ за Промотивната гаранција, ве молиме следете ја процедурата на барањето во согласност со инструкциите подолу.

Промотивна територија

  1. Промотивните производи мора да бидат набавени во и регистрирани на адреса во една од следните Промотивни територии: Романија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Малта, Кипар, Србија, Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна.

Промотивни производи

  1. Селектираните производи на Canon опфатени под од оваа Промотивна гаранциска понуда („Промотивните производи”) се:

 

Група производи Уред/Печатач Промотивна гаранција/Промотивна понуда Промотивна гаранциска понуда
MAXIFY IB4150

Продолжување

Враќање на производот на поправка
MB2150 Враќање на производот на поправка
MB2750 Враќање на производот на поправка
MB5150 Враќање на производот на поправка
MB5450 Враќање на производот на поправка
GX1040

Eдногодишно продолжување на гаранција или 30.000 страници, во зависност од тоа кое ќе биде прво

Враќање на производот на поправка
GX2040 Враќање на производот на поправка
GX3040 Враќање на производот на поправка
GX4040 Враќање на производот на поправка
GX6040 Враќање на производот на поправка
GX7040 Враќање на производот на поправка
GX5040 Враќање на производот на поправка
PIXMA PIXMA G1410

Eдногодишно продолжување на гаранција или 30.000 страници, во зависност од тоа кое ќе биде прво

Враќање на производот на поправка
PIXMA G1430 Враќање на производот на поправка
PIXMA G2410 Враќање на производот на поправка
PIXMA G2416 Враќање на производот на поправка
PIXMA G2430 Враќање на производот на поправка
PIXMA G2470 Враќање на производот на поправка
PIXMA G3410 Враќање на производот на поправка
PIXMA G3416 Враќање на производот на поправка
PIXMA G3430 Враќање на производот на поправка
PIXMA G3430 PINK Враќање на производот на поправка
PIXMA G3430 PURPLE Враќање на производот на поправка
PIXMA G3470 BLACK Враќање на производот на поправка
PIXMA G3470 RED Враќање на производот на поправка
PIXMA G3470 WHITE Враќање на производот на поправка
PIXMA G4470 Враќање на производот на поправка
PIXMA G640

Eдногодишно продолжување на гаранција или 10.000 страници, во зависност од тоа кое ќе биде прво

Враќање на производот на поправка
i-SENSYS i-SENSYS LBP243dw

Продолжување

Враќање на производот на поправка
i-SENSYS LBP246dw Враќање на производот на поправка
i-SENSYS LBP325x Враќање на производот на поправка
I-SENSYS LBP361dw Враќање на производот на поправка
i-Sensys LBP6030B HARD BUNDLE Враќање на производот на поправка
I-SENSYS LBP631Cw Враќање на производот на поправка
I-SENSYS LBP633Cdw Враќање на производот на поправка
i-SENSYS LBP673Cdw Враќање на производот на поправка
i-Sensys MF3010 HARD BUNDLE Враќање на производот на поправка
i-SENSYS MF453dw Враќање на производот на поправка
i-SENSYS MF455dw Враќање на производот на поправка
i-SENSYS MF461dw Враќање на производот на поправка
i-SENSYS MF463dw Враќање на производот на поправка
i-SENSYS MF465dw Враќање на производот на поправка
i-SENSYS MF552dw Враќање на производот на поправка
i-SENSYS MF553dw Враќање на производот на поправка
I-SENSYS MF651Cw Враќање на производот на поправка
I-SENSYS MF655Cdw Враќање на производот на поправка
I-SENSYS MF657Cdw Враќање на производот на поправка
i-SENSYS MF752Cdw Враќање на производот на поправка
i-SENSYS MF754Cdw Враќање на производот на поправка

 

 

  1. Промотивните производи мора да бидат нови и оригинални производи на Canon и мора да бидат набавени и дистрибуирани до трговци на мало/препродавачи од групата на компании на Canon лоцирани на Промотивните територии наведени подолу:

РОМАНИЈА, БУГАРИЈА, ХРВАТСКА, СЛОВЕНИЈА, МАЛТА, КИПАР, ГРЦИЈА, СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА, КОСОВО, АЛБАНИЈА, ЦРНА ГОРА, БОСНА.

Ве молиме проверете со вашиот препродавач дали се почитува горенаведеното со цел да се избегнат разочарувања 

  1. Промотивните производи мора да бидат нови и оригинални производи на Canon. Набавки на употребувани, реновирани или обновени производи, или производи кои се фалсификувани или ги прекршуваат на кој било начин правата на интелектуалната сопственост на групата компании на Canon (на пример, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на паралелни или "сиви" производи) нема да се квалификуваат за оваа промоција.
  2. Комерцијалната гаранција на Canon

ги покрива само оние дефекти кои произлегуваат само од нормалната употреба на производот и не опфаќа никакви други проблеми, вклучувајќи ги и тие кои произлегуваат како резултат на:

* Неправилно оддржување и модификација;

* Софтвер, медиуми, делови и материјали што не се обезбедени или поддржани од Canon;

* Користење надвор од одредените спецификации на производот;

* Неовластено модифицирање или злоупотреба.

Ве молиме проверете ги условите на постоечката Комерцијална гаранција на Canon за целосните услови на покривањето и ограничувањето на тоа што го нуди таквата гаранција.

  1. Оваа понуда не може да биде комбинирана со ниедна друга понуда.
  2. Дистрибутери, трговци на мало и препродавачи се исклучени од промоцијата и не се квалификуваат за поднесување на барање во име на нивните потрошувачи.12. Се зема предвид дека сите учесници се согласиле да бидат обврзани со овие одредби и услови.

Како да го регистрирате вашиот производ и да ја добиете Промотивната гаранција

  1. Сите Учесници мора да бидат над 18 год. Со поднесувањето на барање под оваа гаранција и со регистрирање на вашиот производ, вие се согласувате да бидете обврзани со овие Одредби. Ако не сте над 18 год. Или не сакате да бидете обврзани од одредбите на оваа Промоција, ве молиме не поднесувајте го вашето барање.
  2. За да ја добиете вашата Промотивна гаранција, правилно пополнете и поднесете онлајн формулар за барањето со што ќе ги регистрирате вашите производи (вклучувајќи го/и одредениот/те важечки сериски број/еви*) во рок од триесет дена по Промотивната набавка. Барањата добиени по 30 дена од набавката на Промотивниот производ нема да бидат прифатени од Canon. https://www.canon.com.mk/offers/officewarrantypromotion/

Со сите барања ќе треба да прикачите валиден доказ за набавка (на пр. копија од направено плаќање на каса или онлајн порачка и потврда на направеното плаќање). Ве молиме имајте предвид дека доказ за направено доставување на производ нема да се прифати како валиден доказ за направена набавка.

Canon нема да процесира барања кои се добиени по апликативниот период за доставување на барањата или денот на завршување на промотивниот период, или кои се, по своја дискреција, нецелосни или незаконски. Canon нема да биде одговорен за барањата кои ќе бидат избришани или неуспешно примени.

* За помош каде да го најдете вашиот сериски број ве молиме одете на http://www.canon.co.uk/support/consumer_products/where_to_find_your_serial_number/ .

  1. При валидирањето на барањето, Учесниците ќе добијат потврда по електронска пошта дека нивното барање е примено и дека нивната промотивна гаранција е регистрирана. Ако не добиете таква потврда по електронска пошта во рок од 8 работни дена по поднесувањето на барањето, или немате пристап до компјутер, ве молиме контактирајте го нашиот центар за грижа на корисници на Canon CEE GmbH Predstavništvo Beograd, Omladinskih brigada 90v, 11070 Novi Beograd, +381 11 3533 480,info@canon.rswww.canon.rs .Ве молиме чувајте ја на сигурно потврдата која ја добивте по електронски пат бидејќи може да биде побарана како доказ за вашето валидно направено барање во случај кога би сакале да побарате гаранциски услуги.
  2. Canon го задржува правото да го поништи секое нецелосно, неисправно или неосновано барање.

 

Одрекување од одговорност

  1. До највисокиот степен дозволен со закон, Canon нема да биде одговорен за каква било загуба, штета или повреда од каква било природа предизвикана од кој било учесник во оваа промоција. Меѓутоа, ништо во овие правила нема да има ефект на исклучување или ограничување на одговорноста на Canon за лична повреда или смрт предизвикана од докажана небрежност на вработените или агентите на Canon.
  2. Canon го задржува правото да ревидира барања за да обезбеди усогласеност со овие одредби и услови и да побара дополнителни информации и придружни документи. Canon го задржува правото да исклучи барања и/или учесници ако се посомнева дека промоцијата се злоупотребува на каков било начин. Одлуките на Canon во врска промоцијата се конечни и нема да бидат внесени кореспонденции.
  3. Промотивните производи се предмет на достапност додека траат залихите на истите. Canon нема да биде одговорен за неуспехот на трговците на мало да ги исполнат нарачките на промотивни производи за време на промотивниот период.
  4. Canon го задржува правото да ја поништи, прилагоди, и/или измени оваа промоција во секое време без никаква одговорност но секогаш ќе настојува да го намали ефектот врз Учесникот со цел да се избегне непотребно разочарување.

Заштита на лични податоци

  1. Canon CEE GmbH, Canon Europa N.V., регистрирана на Bovenkerkerweg 59, 1185 XB, Amstelveen, Холандија и Canon Europe Limited регистрирана во Обединетото Кралство со регистарски број 4093977 со деловен простор на 3 The Square, Stockley Park, Uxbridge UB11 1ET, Обединето Кралство, се Контролорите на податоци за целите на применливите закони и регулативи за заштита на личните податоци во однос на личните податоци обезбедени од кои било Баратели во врска со оваа промоција. Контролата и обработката на личните податоци, независно дали од Canon или од нејзини овластени трети страни, е стриктно во согласност со потребните закони и регулативи за заштита на приватноста. Личните податоци ќе бидат само зачувани и обработени Canon или нејзините овластени трети страни со цел администирање на оваа Промоција и услугите на промотивната гаранција освен ако не е поинаку договорено. Ако Барателите не сакаат да бидат искористени нивните информации за контакт за маркетинг цели или не сакаат да бидат исконтактирани во иднина од Canon за слични промоции, НЕ треба да го штиклираат квадратот со опцијата “opt-in” кога го пополнуваат формуларот за барањето.

Контролорите на податоци можат да ги употребат личните податоци со цел да комуницираат со Барателите и да управуваат со нивните односи со клиентите, вклучувајќи но не ограничувајќи се на, испраќање на информации за производи и услуги од Canon на Барателите преку директно испраќање на пораки или други начини на комуникација. Ова право им е дадено на Контролорите на податоци само ако Барателот го даде своето одобрување за да добива пораки за кореспонденција во онлајн формуларот за  барањето.

Било какви лични податоци доставени до Canon, ќе бидат обработени од Benamic, IDA Business & Technology Park, Ring Road, Kilkenny, Ирска, за администрирање на оваа Промоција и доколку е применливо, за маркетинг цели - во случаи кога Учесниците се определиле да добиваат маркетинг информации од Canon. Добиените лични податоци се чуваат безбедно и можат да бидат пренесени на безбеден сервер надвор од EEA областа.

Како да побарате услуги на Промотивната гаранција

  1. Кога вашето барање ќе биде валидирано, ако сакате да добиете продолжени услуги на гаранцијата преку оваа промоција, ве молиме контактирајте го вашиот локален добавувач на Canon, IMPEGNA
  2. Franklin Ruzvelt 33A 1000 Skopje , R. Severna Makedonija, tel. 02 3111-275, mail:info@impegna.mk

и бидете подготвени: 

* Да доставите целосно име на уредот/печатачот и сериски број*;

* Да го потврдите оперативниот систем инсталиран на вашиот компјутер – ако е достапен;

* Да ги потврдите вашите детали за контакт, адреса на доставениот уред/печатач и вашата адреса на електронска пошта;

* Да доставите доказ за набавка на производ и активирана промотивна гаранција, согласно испратената потврда по електронска пошта по онлајн регистрацијата/ите на потврдата;

* Да доставите прецизен опис за дефектот и да спроведете какви било дијагностицирани препораки

* Да ги почитувате сите разумни упатства од вашата локална услужна служба со цел да ги добиете гаранциските услуги.

 

Право и Јурисдикција

  1. Ништо од она што се содржи овде не може да ги ограничи правата кои ги имате како потрошувач.
  2. До степен дозволен со закон, оваа промоција, овие одредби и услови и какви било спорови кои би можеле да произлезат од или во врска со нив, ќе бидат управувани од и толкувани во согласност со заоконите на Австрија и ќе бидат предмет на неексклузивна јурисдикција на судовите во Виена.

Ако сте потрошувач, може да имате право вашите судски постапки да се водат на вашиот мајчин јазик и во вашите локални судови. Локална советодавна организација за потрошувачи ќе може да ве советува за вашите права. Овие одредби и услови не ограничуваат какви било законски права.